МЗТ Скопје Аеродром одигра лоша последна четвртина кај Морнар и тоа ги чинеше пораз кој Металците ги зацврсти на дното на регионалната АБА лига.
Црногорскиот тим победи со 93-84, благодарение на серијата поени во првите 4-5 минути од последната четвртина, кога Морнарите речиси и немаа утка, па нерешениот резултат после три квартали, го претворија во двоцифрена предност која МЗТ не можеше да ја стопи.
Абу (20), Кук (17) и Кефи (13) беа двоцифрени според бројот на поени кај МЗТ, додека кај Морнар само двајца (Глас и Пецарски) ја надминаа бројката од 10 поени, но заедно имаа 50 поени.