Вардар 1961 славеше и во реваншот против Металопластика со сигурни 26:23 за пласман во топ 8 фазата од СЕХА-лигата. Тимот на Стевче Алушовски тргна доста слабо во натпреварот кој повторно се играше во СЦ „Јане Сандански“, но со задоцнето будење ја заврши работата без проблеми.
Металопластика отвори со одлична серија од 7-1, но како што одминуваше времето, вардарци ја топеа разликата и со пет последователни гола во последните минути од првиот дел, дојдоа до водство од 14-11. Во вторите 30 минути се одржуваше предноста која во момент беше највисока при +5 гола за финиш без драма.
Со по пет погодоци, Дибиров и Севаљевиќ ги предводеа домаќините, а за победата придонесе и Кизиќ со 16 интервенции.
Вардар во четвртфиналето ќе се сретне со ППД Загреб.