Со Манчестер јунајтед освојуваше титули, а сега може да заврши во затвор

Некогашниот бразилски репрезентативец и член на шампионската генерација на Манчестер јунајтед, Андерсон, е во опасност да заврши во затвор. Се работи за долг од 50.000 евра кои некогашниот фудбалер ги нема исплатено за алиментација.

Англиските медиуми потенцираат дека Андерсон до 2015 година имал четири деца, а сега веќе има дури девет деца. Доколку не го исплати долгот, Бразилецот ќе заврши во 30-дневен затвор од полуотворен тип, што значи дека ќе може преку ден да ги извршува сите обврски што ги има, но навечер ќе треба да се враќа во затворот и да преспие во ќелија.

Андерсон во Манчестер јунајтед дојде во 2007 година, кога беше претставен како голем светски талент. Играше на позицијата играч за врска, а најголемиот дел од кариерата го помина токму во Црвените ѓаволи. Одигра 181 меч, постигна девет гола, освои една Лига на шампиони и четири титули во Премиер лигата.

Во кариерата играше и за екипите на Гремио, Порто, Фиорентина, Интернасионал, Коритиба, а кариерата ја заврши во Адана во Турција во 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести