Со маска на лицето, Роналдо упати порака до сите

Кристијано Роналдо речиси еден месец е во родната Мадеира каде во изолација го поминува периодот на пандемијата од Коронавирусот. Португалецот „избега“ од Италија која е главното жариште во Европа, но според најавите, во следните неколку дена тој ќе се врати во Торино, каде повторно ќе треба да биде во 14-дневна изолација, а дури потоа ќе очекува вести за тоа дали и кога ќе продолжат фудбалските возбудувања во Серија А.

Во овој тежок период во кој се заразени повеќе од 1,5 милиони луѓе од целиот свет, Роналдо упати порака за сите да бидеме обединети.

„Во овие многу тешки моменти за нашиот свет, најважно е да бидеме обединети и меѓусебно да си дадеме поддршка. Затоа, ајде сите да направиме што можеме за да си помогнеме“, порача Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести