Со маски и ракавици: Шпанските ривали на рапорт за тестирање (фото)

Членовите на Барселона на чело со капитенот Лионел Меси пристигнаа во тренинг-центарот „Хоан Гампер“ за тестирањата во пресрет на враќање на терените. Се тестираат сите поединечно, вклучувајќи го и стручниот штаб, пред екипата да добие зелено светло да почне со тренинзи.

https://twitter.com/FCBarcelona_cat/status/1258003864567021568

Ова е дел од протоколот за заштита од вирусот kовид-19 кој сите прволигаши треба да го применат пред фудблерите да се активираат на подготовките пред рестартот на сезоната.

Денес на тестирања беше и екипата на Реал Мадрид, а ривалот за шампионската титула на Каталонците веќе потврди дека со тренинзи стартува на 11 мај.

За потсетување, пред прекинот на сезоната, Барселона ја држеше челната позиција на табелата со 58 бода, два повеќе од Кралевите на 11 кола до крајот.

- Оглас -

Најнови вести