Лаутаро Мартинес допатува во Барселона со Лионел Меси и краткото појавување на аеродромот, предизвика еуфорија и повторно ги подгреа надежите и шпекулациите за евентуален трансфер од Интер во редовите на шпанскиот гигант.
Патувањето на двете ѕвезди на Аргентина беше од Санта Круз по мечот со Боливија, што Гаучосите го добија во Ла Паз со 2:1 до Барселона.
https://twitter.com/elchiringuitotv/status/1316534613557350403?s=20
Тука се раздвоија, па Меси си замина дома, а Лаутаро со приватен авион продолжи за Милано. Краткиот престој на напаѓачот на Интер во Барселона од сосема други причини, но и пријателството со Меси одново се тема во фудбалските кругови и најава за нов обид на Барса да го купи опасниот аргентински напаѓач.
Ова лето немаа околу 120 милиони евра за ангажман на Мартинес, колку што бараше Интер отштета за да го пушти Лаутаро во Барселона.