Со млади таленти како Вања Бабулов, македонската одбојка има добра иднина

Женската одбојка е еден од најпопуларните спортови кај младите во Македонија. Голем број девојчиња тренираат, играат и мечтаат да блеснат во репрезентативниот дрес. Еден од најголемите таленти е 12-годишната Вања Бабулов од Струмица.

Таа e најмлада одбојкарка на првиот состав на Наковски Волеј, екипа која стана шампион во пионерска конкуренција за сезоната 2024/2025.

„Голема чест и одговорност е да се биде дел од првиот состав, но имав огромна поддршка од соиграчките и тренерите, па заедно стигнавме до врвот. Тоа е заеднички успех на сите нас“, вели Вања, која љубовта кон одбојката ја наследила од своето семејство.

Уште како шестгодишно дете, Бабулов првпат се запознала со одбојката и веднаш ја засакала и ја започнала оваа спортска приказна. Таа вложува во својата иднина, покрај редовните тренинзи, оди и на познатиот одбојкарскиот камп „Дејан Брџовиќ“ во Србија.

- Оглас -

Најнови вести