Со Мурињо тактика, Аталанта ја победи Рома, Португалецот доби црвен картон (Видео)

Аталанта продолжува со одличните игри во Серија А и славеше на „Олимпико“ против Рома со 1:0. Тинејџерот Џорџо Скалвини кој игра во дефанзивниот ред беше стрелец на единствениот погодок во 35 минута.

 

Со оваа победа, тимот од Бергамо стигна до 17 бодови па се најде на лидерската позиција во пресрет на дербито меѓу Милан и Наполи. Аталанта на дуелот против Рома имаше само еден директен удар во рамките на голот на Рома и тој заврши во мрежата. Едноставно гостите со тактика која е препознатлива за Жозе Мурињо успеа да го победи неговиот тим.

За тоа колку Мурињо беше немоќен на овој меч покажува и неговата реакција во 57 минута поради која беше исклучен и требаше да ја напушти клупата на домаќините. Рома џабе упати 21 шут, од кои пет беа во рамките на голот на гостите, кога ниеднаш не погодија.

 

- Оглас -

Најнови вести