Арсенал ја забележа најслатката победа против вечниот ривал од Северен Лондон, Тотенхем и остана на врвот на табелата во Премиер лигата.
Топчиите доминираа и заслужено победија со 3:1, на меч на кој гостинскиот фурбалер Хари Кејн постави нов англиски рекорд со стоттио гол кога Тотенхем игра на гостински терен.
Тој погодок од пенал во 31. минута беше само почесен за Спарс, а Арсенал си ја награди доминацијата со три погодоци.
Прв мрежата на Иго Лорис ја затресе Томас Парти со еврогол во 20. минута.
Partey Goal pic.twitter.com/nRzovznc85
— Prem Goals (@PremierLeagueSZ) October 1, 2022
Потоа и Габриел Жезус, кој блеска откако летово го засили Арсенал беше стрелец за 2:1 во 48. минута.
Jesus Goal pic.twitter.com/EClDvQQKO0
— Prem Goals (@PremierLeagueSZ) October 1, 2022
Гранит Џака со погодок во 67. минута се извади за грешката при единствениот гол на Тотенхем и ја запечати победата од 3:1 со која Арсенал ќе остане на врвот во Премиер лигата и по овој викенд и завршување на 8. коло.
Во 62. минута беше исклучен Емерсон Ројал и гостите до крајот на мечот играа со фудбалер помалку.
Топчиите имаат 21 бод, а Тотенхем остана на третото местосо 17 бодови, колку што има и Манчестер сити.