Со натпреварите од Квотите на денот лесно до тикет со коефициент 75 (Фото)

Квотите на денот во Sport Life за вторник повторно се сочинети од натпревари на репрезентациите. Три од мечевите се од квалификациите за Европското првенство, додека останатите два се од јужноамериканските квалификации за Светското првенство. Искомбинирани на еден тикет, петте натпревари прават квота од 75.4.

Македонија како фаворит влегува во мечот против Малта, репрезентација од која никогаш не сме загубиле. Апетитите пораснаа по ремито против Италија, па очекувањата се дека нашите фудбалери денес со три бода ќе се вратат од гостувањето кај островската земја. За да биде добитна квотата од 2.50, потребно е да биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.

Ефикасен фудбал се очекува на дуелот помеѓу Шведска и Австрија. Двете репрезентации играат напаѓачки фудбал, а вечерва се очекува во двете полувремиња да бидат постигнати помеѓу еден и три гола. Квотата во Sport Life за оваа игра е одлична, 2.20.

Италија по киксот со Македонија, ќе мора да се вади против Украина на домашен терен. Се очекува дека Италија нема да го загуби мечот кој е директен дуел за второто место на табелата, но се очекува дека ќе бидат постигнати голови во двете мрежи. Квотата за оваа игра е 2.50.

Репрезентацијата на Аргентина е голем фаворит на гостувањето кај Боливија и се очекува во двете полувремиња да биде постигнат најмалку по еден погодок. Квотата во Sport Life е одлична, дури 2.55.

И селекцијата на Бразил е фаворит на гостувањето кај Перу и се очекува да забележи победа. Освен победа на Бразил, очекувањата се дека ќе бидат постигнати голови во двете полувремиња, а квотата за овој натпревар е 2.15.

- Оглас -

Најнови вести