30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Со навивачи на трибините ќе се игра едно од полуфиналињата во ФА Купот

Англиската фудбалска асоцијација потврди дека на едно од полуфиналињата во ФА купот кои на 17 и 18 април ќе се играат на „Вембли“, ќе обезбедат протокол за да ги отворат портите за 4.000 фанови.

Засега е непознато дали ќе биде тоа за дуелот меѓу Челзи и Манчестер сити, или пак во средбата меѓу Лестер и Саутхемптон ден подоцна, но едно полуфинале дефинитивно ќе се користи како тест за масовно враќање на навивачите на трибини во најскоро можно време.

Исто така се крои план големото финале кое е закажано за 15 мај, да се игра пред 20.000 навивачи, што значи дека на „Вембли“ сликата нема да биде тажна и празна, туку расположена со страствени фанови кои со нетрпение чекаат да се отворат стадионите ширум Островот.

 

- Оглас -

Најнови вести