Еден од најпопуларните пеачи во Холандија, Јан Смит е нов претседател на новиот прволигаш Волендам.
Клубот се враќа во Првата холандска лига по пауза од цели 13 години и одлучи досегашниот директор во комерцијалниот сектор да им биде нов претседател.
Смит е член на клубот и на раководните структури веќе цела деценија, а сега е избран и за прв човек.
Во Холандија е познат како одличен вокал и ТВ водител, а беше и член на една од најпопуларните групи во земјата Де Туперс.
Волендам успеа да се избори за кам-бек во популарната Ередивизија во Холандија на три хола до крајот на Втората лига со победа против Ден Бош на гости уште пред десеттина дена.
https://twitter.com/ESPNnl/status/1517601354516242432?s=20&t=Dn8d1e07vdMUuhaWM3veCg
Со нив нов прволигаш е Емен, а се чека и последниот трет патник во Првата лига кој ќе се знае по одигрувањето на плејофот што ќе го играат екипите од третото до осмото место во Ерстедивизија.