Со новиот тренер работите тргнаа кон подобро, МЗТ Скопје има предност по првото полувреме против Цибона

Кошаркарите на МЗТ Скопје имаат водство од 41:45 по првото полувреме на гостувањето кај Цибона во рамки на 13-то коло во АБА Лигата.

Шок терапијата со смената на тренерот Александар Петровиќ со Драган Николиќ, засега се покажува како ефективна и Металците одиграа добри 20 минути против Цибона во кои имаат предност од четири поени.

Хрватскиот тим подобро го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина со 22:19, но работите се сменија во втората. Одлично одигра Бојан Крстевски кој даде 11 поени во првото полувреме, Дастин Вер даде девет, а по осум постигнаа Дамјан Стојановски и Кафи, и МЗТ Скопје успеа да направи пресврт и на одмор да замине со четири поени предност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести