Со пехарот во раце, се онесвести од среќа (видео)

Ѓургарден вчера ја освои шампионската титула во Шведска по пауза од 14 години. Во лудата завршница на шведското првенство во кое до последното коло три екипи се бореа за титулата, Ѓургарден извади бод од гостувањето кај Норкопинг што беше доволно за првото место на табелата.

Славјето беше големо за екипата од Стокхолм, а посебно среќен беше спортскиот директор Магнус Андерсон. Додека го држеше пехаро во раце, Андерсон за момент изгуби свест и се сруши на земја. За среќа, со малку вода го вратија меѓу живите.

- Оглас -

Најнови вести