Со петарда до сигурен опстанок, Мајнц го декласира Фрајбург

Мајнц е на чекор до продолжување на прволигашката одисеа во Бундеслигата по победата вечерва против Фрајбург. Домаќините на вистински начин ја прекинаа незгодната серија од четири порази по ред и го декласираа гостинот со 5:0.

За петарда им помогна и голманот на Фрајбург, Александер Шволоу со голем кикс за првиот погодок на Мајнц. Шволоу и буквално му асистираше на Жан Пол Ботиус, а офанзивецот на Мајнц лесно ја погоди празната мрежа. Потоа се беше полесно за домашниот тим, а на Ботиус во листата на стрелците му се приклучија и Матета со хет-трик и Онисиво со еден погодок.

Мајнц на шест кола до крајот има 33 бода, цели 13 повеќе од Штутгарт, 17 од Нирнберг и 19 од последнопласираниот Хановер.

И Фрајбург е безбеден со 32 бода, па поразот нема да остави преголема трага на избраниците на тренерот Кристијан Штрајх.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести