Со победа Џенова го чува прволигашкиот статус и серијата долга 3 децении

Гетеборг – Малме (Алсвенскан, Шведска, 17.30 часот)

Гетеборг пред четири дена успеа да го надигра големиот ривал во финалето на купот и да го освои пехарот. Малме остана без трофејот што го чека 31 година и сега може со победа барем малку да најде утеха за поразот по продолженија во четвртокот.

Гостите имаат и кадровски проблеми, бидејќи во финалето рано им се повредија Риекс и Левицки, двајца значајни играчи, чиј настап е неизвесен.

Гетеборг е во серија од пет нерешени, ако се смета и регуларниот дел од финалето. На „Улеви“ денеска ќе бидат аутсајдери и типуваме дека ќе загубат.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

Бодо Глимт – Штромсгодсет (Елитесериен, Норвешка, 18 часот)

Стабек со реми 2:2 пред четири дена му ја прекина страшната серија од 10 победи по ред на лидерот во норвешкото првенство.

Бодо имаше фантастичен старт на новата сезона и нанижа десетка, што за момент ја прекина во четвртокот, но сега сака да продолжи со успеси и да почне нов триумфален поход што може да му донесе и титула.

Клубот со вековна традиција, формиран во 1916 година се надева конечно за првпат да стане шампион на Норвешка, а главен конкурент му е Молде.

Бодо досега постигна 40 голови на 11 натпревари, Штромгодсет прима многу погодоци и ќе одиграме тип со голови во првото и во второто полувреме.

Предлог тип: 1+I&2+II (1.73) 

 

СПАЛ – Фиорентина (Серија А, Италија, 18 часот)

СПАЛ ќе ја напушти Серија А како фенерџија, а и победа денеска не му помага да го избегне последното место. И Фиорентина не може да се пофали со добра сезона и во најдобар случај ќе биде десетта, ако го победи СПАЛ.

Виолетовите со играчи од калибарот на Рибери, Кјеза, Гезал, Пулгар, Пецела…. очекуваа многу повеќе, но планот не е исполнет.

Победа во Ферара ќе биде мала утеха, но шанса да се освојат бодови против најслабиот клуб во Лигата не би требало да пропуштат.

Очекуваме ревијален меч со доста голови на двете страни.

Предлог тип: Т22+&ГГ (1.93)

 

Џенова – Верона (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Горан Пандев и соиграчите немаат поинаков избор освен победа против Верона што им гарантира опстанок во Серија А. Грифоните играат слабо, а дебаклот против Сасуоло од 5:0 им ја разниша самодовербата.

Сепак ова им е најзначајниот меч во сезоната и ќе мора да најдат чаре да победат. Верона нема посебни мотиви, бидејќи ќе биде на осмото, или на деветтото место на конечната табела.

Можеби им значи да победат за да прекинат една лоша и долга серија порази против Џенова како гости. Верона не го победила денешниот ривал на „Луиџи Ферарис“ од 1989 година, или дури 31 година.

Сепак на домаќинот му гори под нозе и ќе стори се за да победи и да го продолжи престојот во елитната италијанска лига.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Сасуоло – Удинезе (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Сасуоло е хит во Серија А и има сезона со која можат да се гордеат сите што при срце им е клубот од Реџо Емилија, Играа атрактивен фудбал, модерно и на сите екипи им задава проблеми.

Удинезе има подобар тим од резултатите што ги имаше во Серија А сезонава, но имаше и периоди со големи падови, па на крајот биеше и битка за опстанок.

Против Сасуоло ќе се обидат да изведат барем еден пенал, за да не го израмнат рекордот на Сиена од пред 15 години, како единствен тим во Калчото за кого цела сезона не бил досуден ниту еден казнен удар од 11 метри.

Двете екипи ќе играат релаксирано, имаат добри напаѓачи и очекуваме гол-шоу на „Мапеи“.

Предлог тип: 2-3I&4+ (3.30)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести