Со победа против Фенер, Зенит побегна од фенерот во Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче се во голема криза, а ситуацијата ја искористи Зенит и со победа од 84:81 во Истанбул му го остави фенерот во Евролигата на Жалгирис.

Гостите од Санкт Петербург беа мошне стрпливи, не се предаваа и кога имаа двоцифрена негатива, па во финишот со одлична игра го нокаутираа поранешниот европски првак.

Фенербахче водеше со 11 поени разлика во вториот период, но падна во темпото и го дожиева 10-тиот пораз во најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.

Ендрју Елбиси погоди клучна тројка на три секунди до крајот и го шокира фаворитот. Францускиот интернационалец постигна 12 поени, колку што имаше и Густаво Ајон, а најефикасен кошарка на гостите беше Матеуш Понитка со 16 поени.

На Фенербахче не му помогна ниту расположениот Жофри Ловерњ, кој беше најефикасен на мечот со 18 поени.

Зенит со 4 победи и 11 порази е претпоследен во конкуренција на 18 екипи во Евролигата.

 

- Оглас -

Најнови вести