Триумфот на Шкендија над ФЦСБ од 1-0 донесе рејтинг поени за македонскиот клупски фудбал, па сега Македонија се најде пред Велс на ова рангирање на УЕФА.
Македонија е дури на 52-рото место во Европа според поените од клупскиот фудбал. Под нас се само Велс, Гибралтар и Сан Марино.
Суперкомпјутерот на ФМД пресмета дека шансите на Шкендија за пласман во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите се зголемени за 25 проценти отколку пред првиот меч. Но, романскиот тим, кој очигледно има проблеми (во првото коло загуби на гости и од првакот на Андора) и натаму е фаворит за пласман понатаму, му се даваат 65 отсто шанси да продолжи понатаму.