Ајакс нема милост кон противниците во домашното првенство, а тоа најдобро вчера го почувствува тимот на Камбур. Холандскиот гигант на „Амстердам арена“ победи со 9:0, во меч на кој се израмни еден необичен рекорд во холандскиот фудбал.
Дури осуммина различни фудбалери погодуваа за Ајакс, што е само втор случај во историјата на холандското првенство. Претходно тоа му успеало исто така на Ајакс и тоа генерацијата од 1981 година, кога осум различни стрелци имало во победата од 9:1 против Де Графшап.
8 – Ajax have had eight different goal scorers against SC Cambuur tonight; this is the second time in Eredivisie history that eight different players have scored for a specific side, after 30 August 1981 (also 8 Ajax 9-1 De Graafschap). Luxury. #AJACAM pic.twitter.com/d3ag335jRY
— OptaJohan (@OptaJohan) September 18, 2021
Дека оваа победа на Ајакс од 9:0 не беше случајна покажува и податокот дека на последните шест средби холандскиот гигант даде дури 27 гола, а прими само два.