Со подготвуваат гол шоуа на повеќе средби

1710 ПСЖ – Олимпик Марсеј (20:45 ч.)

Лионел Меси и Килијан Мбапе се неизвисни, а Кимпембе и Рамос сигурно нема да играат за ПСЖ, што секако ќе биде хендикеп за домашниот тим. Олимпик Марсеј сезонава на гости има три победи и само едно реми и гол разлика 9:1.

На три од последните пет дуели на овие две екипи немало повеќе од два гола, а во останатите два меча биле постигнати по три погодоци. ПСЖ е фаворит за победа, но сепак ова е дерби и гостите сигурно нема лесно да се предадат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)

 

1008 Манчестер јунајтед – Њукасл (15 ч.)

Манчестер јунајтед заедно со Арсенал се единствените два тима кои немаат нерешен резултат сезонава во Премиер лигата. За разлика од Црвените ѓаволи, Њукасл е рекордер со пет нерешени.

Последните пет дуели на овие два тима биле со погодоци во двете мрежи, а дури четири пати било и ГГ4+, што е најава дека и сега головите на „Олд Трафорд“ нема да фалат.

Предлог тип: ГГ3+ (2.01)

 

3008 Верона – Милан (20:45 ч.)

Верона е во зоната за испаѓање и едноставно ова е дуел на кој гостите се големи фаворити. Милан минатата сезона по многу убаво го памети гостувањето кај овој тим, затоа што победи со 3:1 во дуел од 36 коло, што беше една од клучните победи на Росонерите да стигнат до титулата.

Од последните девет меѓусебни дуели, Милан победи шест пати, а Верона се радувала само еднаш.

Предлог тип: 2 (1.60)

 

1809 Баерн Минхен – Фрајбург (19:30 ч.)

Малку е неверојатно, но Фрајбург има два бода повеќе од Баерн по девет одиграни кола. Баварците дома се фаворити и против многу посилни ривали, па така сега не смеат никако да киксираат.

Неверојатно делува, но последните осум меча на овие два тима завршувале со голови во двете мрежи, а на последните 10 среби биле постигнати дури 36 голови, односно 3,6 погодоци во просек на меч.

Предлог тип: 2-3 I& 2-3II (4.50)

 

1637 Аз Алкмар – Феенорд (16:45 ч.)

Аз Алкмар е лидер во Холандија и единствен тим без пораз о девет кола. Феенорд со гол разлика од 23 дадени и 10 примени гола само потврдува дека е екипа која негува офанзивен фудбал.

На дури 15 од последните 17 меѓусебни дуели на овие две екипи, резултатот на крајот бил барем со три погодоци.

Предлог тип: 4+ (2.75)

- Оглас -

Најнови вести