Со појави ново тениско чудо од Швајцарија: Триумфираше на Австралија опен, а многу наликува на Федерер

Швајцарецот Хенри Бернет е победник на тенискиот гренд слем турнир Австралија опен во јуниорска конкуренција. Во финалето, Бернет со 6:3, 6:4 го победи Американецот Бен Вилверт и стана првиот Швајцарец кој успеал да биде победник во јуниорска конкуренција на турнирот во Мелбурн.

Посебен мотив имаше младиот Бернет кој на денот на финалето наполни 18 години, па самиот си го даде најдобриот подарок. Настапот на Бернет беше импресивен откако успеа да ги победи главните фаворити и во текот на целиот турнир го покажуваше својот талент. Бекхендот со една рака кој го користи тинејџерот многу потсетува на стилот на легендарниот негов сонародник Роџер Федерер. Интересно е дека и тој е роден во Базел како и Федерер, а омилена подлога му е тревата.

„Го запознав Роџер минатата година на САД опен. Тогаш прв пат го сретнав и разговаравме околу 20-30 минути. Беше многу убаво и беше многу љубезен, баш како што очекував“, рече младиот Бернет по победата на Австралија опен.

- Оглас -

Најнови вести