Со помош на вештачката интелигенција фудбалот на ТВ веќе никогаш нема да биде ист (Видео)

Секое големо фудбалско натпреварување носи новитети кога се работи за технологијата. Полската телевизија направи историски пренос на дуелот меѓу Германија и Шкотска, каде што гледањето на ТВ делуваше сè само не вообичаено.

Искористувајќи разна напредна технологија, пренесот беше уникатен. Првпат беше воведено следење на мечот со покажување на имињата на играчите кога ќе бидат во контакт со топката, се мереше должината на додавањето, брзината на шутот на топката, а на средината од екранот имаше шаблон на кој се гледа движењето на сите фудбалери на теренот, како што е тоа на видеоигрите.

Едноставно вештачка интелигенција започна на големо да се вмешува во ТВ-фудбалските преноси, па во иднина може да очекуваме сосема различен начин на следење на еден натпревар.

- Оглас -

Најнови вести