Со пораз од новаците тргнаа во одбрана на титулата: ПСЖ не е ист без Нејмар, Мбапе, Ди Марија… (видео)

ПСЖ со минимален пораз од 1-0 на гостувањето кај Ленс тргна во одбрана на титулата во Лига 1. Светците десеткувани и без Нејмар, Мбапе, Ди Марија, Икарди, Маркињос, Навас и Паредес, кои се заразени со ковид-19 и се во самоизолација, му подарија три бода на новакот во францускиот шампионат.

По катастрофалната грешка на младиот голман Марсин Булка, домаќините преку Ганаго поведоа во 57-мата минута, приредувајќи изненадување во второто коло.

Тухел немаше многу избор, нападот на ПСЖ беше предводен од 18-годишните тинејџери Муинга и Руис-Атил, па само еден шут во рамките на Ленс е резултат од нивното неискуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести