23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Со пораз во меч на кој паднаа пет гола заврши турнејата на Манчестер јунајтед низ САД

Американската турнеја на Манчестер јунајтед заврши со пораз на Црвените ѓаволи од 2-3 против Борусија Дортмунд пред повеќе од 50.000 гледачи во Лас Вегас.

Стрелци за Борусија беа Мален (два) и Мукоко, а за Манчестер погодија Далот и Антони.

Деби во дресот на Борусија имаше бившиот играч на Јунајтед, Марсел Забицер, кој беше стартер и имаше асистенција.

За тимот на менаџерот Ерик Тен Хаг ова беше трет пораз по ред во контролите откако губеа и од Рексам и Реал Мадрид, додека тимот од Дортмунд ги доби сите досегашни контроли.

Следен тест за Борусија е оној со Челзи на 3 август, а Манчестер ќе се сретне со Ленс на 5 август.

- Оглас -

Најнови вести