Германија загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Ова беше трет последователен пораз за германската репрезентација откако претходно загуби од Португалија (1:2) во полуфиналето на Лигата на нациите во јуни, а потоа и од Франција (0:2) во натпреварот за третото место.
Словачка постигна по еден гол во двете полувремиња. Прво Давид Ханко во 42-рата минута ја најави сензацијата, а потоа Давид Стрелец во 55-тата минута потврди дека Словачка ќе победи на крајот.
Германија со овој пораз постави неколку неславни рекорди. За Панцерите ова е прв пораз во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.
Исто така ова е прв пораз на Германија на гости во квалификациите за Светското првенство. Досега оваа селекција имаше 41 победа и десет нерешени резултати.
1 – Germany lost the opening game of a World Cup qualifier for the first time ever. In their 52nd away game in WC qualifiers, Germany lost for the first time ever after 41 wins and 10 draws. Reality-check. pic.twitter.com/XmZfT0Tung
— OptaFranz (@OptaFranz) September 4, 2025
На овој дуел се стави и крај на серијата од 42 последователни квалификации за Светското првенство во кои Германија постигна гол. Последниот квалификациски натпревар за Светското првенство во кој Германија не даде гол, но тогаш не ни прими беше против Финска во октомври 2001 година, кога натпреварот заврши 0-0.
Ова беше само вторпат Германија да изгуби квалификациски натпревар за Светското првенство со повеќе од еден гол разлика. Поубедливо има загубено во 2001 година, кога со 5:1 беше демолирана од Англија.