Со прдежи го „загуши“ противникот и потоа лесно победи

На Гренд слем пикадо турнирот во Вулверхемптон, натпреварувачите очигледно не избираат средства како да се деконцентрира противникот. Шкотот Гари Андерсон го победи Весли Хармс од Холандија со убедливи 10:2. По поразот, Хармс го обвини противникот дека постојано испуштал прдежи и било невозможно да се игра во такви услови.

„Почувствував многу силна смрдеа. Посилна и од расипано јајце, a потоа Андерсон почна да игра подобро. Требаше да се проветри местото. Дефинитивно треба да оди на лекар, бидејќи ова не беше нормално. Ќе ми требаат два дена за да ја изгубам смрдеата која ми е во носот“, рече Весли Хармс, кој го обвини Андерсон дека е виновен за лошиот воздух и смрдеата во салата.

Откако Андерсон разбрам дека тој е обвинет дека постојано пуштал „гасови“, реши да демантира.

„Се колнам дека не сум јас. Еднаш кога настапував навистина ме болеше стомакот и морав да прднам. Тогаш тоа го признав, ако беше и сега така, ќе признаев и сега. Смрдеата дефинитивно доаѓаше од местото каде што беше мојот противник. Секојпат кога ќе поминев покрај неговото место, смрдеше многу лошо. Уште полошо и од расипано јајце и затоа мислам дека е тој“, беше контра „ударот“ на Андерсон во обвинението за тоа кој прдел додека се играше пикадо двобојот.

https://youtu.be/4MYEY_EcKG0

- Оглас -

Најнови вести