Францускиот репрезентативец Рандал Коло Муани, кој е на позајмица во Јувентус од тимот на Пари Сен Жермен, на претстојното Светско клупско првенство ќе игра во дресот на Старата дама. Ова го потврди директорот на Јувентус, Дамијан Комоли.
„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ПСЖ за продолжување на позајмицата до крајот на Светското клупско првенство. Што се однесува за продолжување на соработката и за сезоната 2025/26, уште нема никаков договор, но јас сум оптимист“, вели првиот човек на Јувентус, Комоли.
Коло Муани дојде во гигантот од Торино во зимскиот преоден рок и во дресот на Старата дама постигна осум гола во 16 меча. Со оглед на тоа дека во првиот дел од сезоната играше за ПСЖ, беше доволно за Муани да добие медал наменет за фудбалерите кои се европски прваци.
Јувентус во групната фаза на Светското клупско првенство е со англискиот гигант Манчестер сити, Ал-Аин од Обединети Арапски Емирати и Видад од Мароко.
Во Sport Life има одлични игри за Светско клупско првенство и тие може да ги најдете ТУКА.