Бразилецот Вилијан Боргес да Силва го раскина договорот со матичниот клуб Коринтијанс и ќе се врати во Европа, а причината што ја наведе за прекин на соработката е необична, но и опасна.
„Постојано по секој меч на кој навивачите на Коринтијанс ќе оценат дека сум играл слабо имаше закани со смрт и за мене и за моето семејство. Тоа е разочарувачки за секој човек, па дури и многу опасно и одлучив да си заминам. Се вратив во матичниот клуб за да му помогнам, не да примам смртни закани“, изјави 34-годипниот бразилски репрезентативец.
Раководството на клубот ги прифати аргиментите на Вилијан дека не мже да игра за Коринтијнс во такви околности и го поништи договорот со него.
Вилијан најави дека ќе се врати во Европа, а има сериозна понуда од Фулам. Тој веќе играше во Англија и тоа во два клуба од Лондон, Челзи и Арсенал, па сега на повидок е и хет-трик со клубовите од главниот град.