Со реакција се јави голманот кој доживеа кошмар во дебито на ЛШ и на теренот помина само 16 минути

Вчера и завчера се комплетираа првите дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите, а во многуте интересни дуели, посебно внимание привлече лошата изведба на голманот на Тотенхем, Антонин Кински. Младиот 22-годишен чувар на мрежата за првпат бранеше во дуел од Лигата на шампионите, а на теренот остана само 16 минути.

За тие 16 минути, Кински прими дури три гола, а за два беше директен виновник правејќи катастрофални грешки. По тие грешки, тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, реши да го извади Кински од игра. Многумина имаа критики за тој потег на Тудор, велејќи дека „го изгорел“ младиот голман.

По повеќе од 24 часа од катастрофалниот настап, Кински реши да се „јави“ во јавноста. Преку социјалните мрежи тој постираше фотографија од мечот кој беше очаен за него, а пораката што ја даде гласеше: „Ви благодарам на пораките. Од сон до кошмар, па повторно до сон“, постираше Кински на својот инстаграм-профил.

- Оглас -

Најнови вести