31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Со Реал Мадрид освои сè што можеше да се освои, а сега потпиша за шпански второлигаш

Дефанзивецот Хесус Ваљехо пред 10 години пристигна во Реал Мадрид од Сарагоса за пет милиони евра, но иако освои сè што можеше да се освои со Кралевите, забележа само 35 настапи.

Дури половина од овие 10 години ги мина на позајмици во Сарагоса, Ајнтрахт Франкфурт, Вулверхемптон и Гранада, а сега и официјално си замина од Реал Мадрид.

Дваесет и осумгодишниот фудбалер следните две сезони ќе го носи дресот на шпанскиот второлигаш Албасете, откако не му беше продолжен договорот со Кралевите, па тој си заминува како слободен фудбалер.

Ваљехо со Реал Мадрид освои 12 трофеи, а со младинските селекции на Шпанија двапати беше шампион на Европа, по еднаш со генерациите под 19 и под 21 година.

- Оглас -

Најнови вести