Каталин Чирила има бланко понуда веднаш да биде една од најплатените манекенки, но романската убавица одлучи да продолжи со спортската дисциплина во која е многу успешна и очекува настап на Летните олимписки игри во Токио.
Атрактивната Романка е шампионка на својата земја во дисциплината Кану на 1.000 метри и има олимписка норма, што ѝ овозможи да биде учесничка на ЛОИ во Токио.
Игрите требаше да се одржат ова лето, но беа пролонгирани за една година поради пандемијата со ковид-19.
Нејзините симпатизери со нетрпение чекаат да ја видат на олимписката патека во Токио, а таа вели дека ќе продолжи со веслањето и покрај богатата понуда да се пресели на манекенската писта.
„Имав многу понуди за да бидам модел, но јас сакам да бидам спортски модел за младите и за идните генерации. Се надевам дека Игрите во Токио ќе се одржат следната година и ќе дадам сè од себе да ја оправдам довербата и да не ги разочарам моите фанови“, вели прекрасната Каталин.