Само со 20 денари уплата, еден гол го делеше овој мајстор од речиси 2.000 евра добивка (ФОТО)

Последниот ден од репрезентативната пауза можеше да биде навистина среќен за еден мајстор за обложување.

Само со 20 денари уплата, само еден гол го делеше од добивка од 110.351 денар, односно речиси 2.000 евра.

Тој гол требаше да го постигне селекцијата на Белгија во второто полувреме во мечот против Велс, кој на крајот заврши 1:1, резултат со кој се замина и на полувремето.

Бараната игра беше нерешен исход по првите 45 минути и триумф на Црвените ѓаволи.

Но, и покрај продолжението од шест минути, не дојде до тоа.

На сите шест натпревари, тој бараше на полувреме да биде нерешено, што и се случи, а на пет од нив чекаше гостински триумфи.

Само Холандија се најде на тикетот на којшто се бараше домашен триумф, кој дојде со головите на Бергвајн и Депај.

Штета, навистина штета бидејќи ваков тикет е навистина тешко да се погоди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести