Само 20 денари уплатил на три меча, погодил два и за „влакно“ не фати МИЛИОН денари (Фото)

Тикет уплатен во Sport Life покажува колку малку фали за да се стигне до добивка од милион денари. Само со три одиграни меча на кои очекувал пресврти, само со 20 вложени денари вкупниот коефициент изнесува 52.887, што значи максимална добивка од еден милион денари.

Локомотива Загреб на полувремето губеше со 0:1 од Славен Белупо, но во второто полувреме домаќините постигнаа три гола за победа од 3:1 и погоден тип „два во еден“ со коефициент 30.5.

Вториот погоден пресврт е на дуеот Леганес – Фуенлабрада. Гостите во првите 12 минути дадоа два гола и поведоа со 2:0, а потоа Леганес намали на 1:2, што беше резултат по првите 45 минути.

Во вториот дел, Леганес направи целосен пресврт и со два погодоци стигна до победа од 3:2 и уште еден погоден пар „два во еден“, што овојпат беше со коефициент 34.

Киксот поради кој тикетот не е добитен на милион денари е дуелот од италијанската Серија А меѓу Верона и Џенова. Тука типот било да биде „еден во два“. Првото полувреме било според планот затоа што Верона поведе со 1:0, но, сепак, во вторите 45 минути не се случи чудо. Џенова, која е претпоследна на табелата, не успеа да направи пресврт и воопшто гостите не постигнаа гол, па на крајот остана 1:0 за Верона. Квотата за „еден во два“ беше дури 51, но на крајот не беше добитен.

 

- Оглас -

Најнови вести