Интер Мајами и Торонто ремизираа 1-1 во интересен натпревар од МЛС-лигата, на кој двата гола паднаа во судиското продолжение од првото полувреме.
Најпрвин канадскиот тим дојде во водство со гол на Федерико Бернардески, но погодокот на некогашниот играч на Фиорентина и Јувентус беше неутрализиран неколку минути подоцна, исто така пред крајот на првото полувреме, кога гол даде Лионел Меси.
Со овој гол Меси дојде до бројка од вкупно 44 гола и асистенции за Интер во МЛС-лигата, надминувајќи го досегашниот рекордер Гонзало Игуаин, и тоа со 38 одиграни средби помалку.
IMMEDIATE RESPONSE FROM MESSI. 💥
What a strike to pull it level in South Florida. pic.twitter.com/FAbGekqfAI
— Major League Soccer (@MLS) April 7, 2025