Само со четири меча погоди вкупен коефициент од речиси 8.500 (Фото)

Многу често обложувачите играат на неверојатни тикети со големи коефициенти, а тактиката е дека еднаш мора да падне солидна добивка. Таквата тактика му се посреќи на еден обложувач од скопска Кисела Вода, правејќи тикет на кој само со 30 вложени денари, си заработи повеќе од 3.500 евра.

Тактиката е едноставна. Одбрани беа четири меча на кои еден од тимовите мораше да постигне три или повеќе погодоци во првото полувреме. Оваа игра носи огромни квоти, а овојпат сите беа добитни, па вкупниот погоден коефициент е 8.491.

Велес Сарсфилд на полувреме водеше со 3:0 против Депортиво Арменио благодарение на погодоците во 13-тата 31-вата и 45-тата минута, за погоден Т1 3+ во прво полувреме.

Фас имаше убедливи 4:0 на полувреме на гостувањето кај ЦД Драгон и тоа беше повеќе од доволно да се погоди дека гостите ќе дадат три или повеќе погодоци во првото полувреме.

Во Јужна Африка, Орландо Пиратс убедливо со 5:0 го победи Голден ароус, а на полувреме резултатот беше 3:0 и беше погодено дека домашниот тим ќе даде 3+ погодоци во првите 45 минути.

Последниот погоден натпревар е меѓу Вадуз и Белинцона. Домаќините победија со 3:2, а интересно е дека сите три погодоци ги дадоа во првото полувреме, точно колку што требаше за тикетот да е добитен. Погодоците за домаќините беа постигнати во шестата, 11-тата и 44-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести