Само со пет меча до вкупна квота од речиси 60

По 10-дневната репрезентативна пауза, продолжуваат возбудувањата во најсилните лиги во Европа. Во денешната понуда на Квотите на денот може да се дојде до вкупен потенцијател коефициент од 59.18 ако се одиграат сите пет предлози на еден тикет.

Хамбургер е домаќин на Елверсберг и тука домаќинот е фаворит, па затоа опцијата е Хамбургер да постигне најмалку еден гол во првото полувреме, а на крајот од мечот да има 2+ погодоци во мрежата на гостите. Оваа комбинација е со квота од 2.05.

Бодрумспор е домаќин на Фенербахче и тука двата тима треба да постигнат погодок, а најмалку еден гол треба да има во вториот дел за да биде добитен коефициентот од 2.35.

Баер Леверкузен и Бохум се очекува да одиграат дуел со многу голови. Комбинацијата е да има од еден до три погодоци во првото полувреме, а да биде 4+ на крајот, што носи примамлива квота од 2.60.

Олимпик Лион гостува кај Стразбург и не треба да загуби во меч на којшто ќе има од два до четири гола за да биде добитна квотата од 2.25.

Во Чемпионшип на Англија, Шефилд јунајтед и Ковентри треба да играат со 1-3 погодоци во првото и 1-3 погодоци во второто полувреме. Квотата за оваа игра е 2.10.

- Оглас -

Најнови вести