Викендот кој измина беше среќен за многумина играчи во Sport Life, а, секако, најсреќен меѓу сите нив е обложувачот кој уплатил тикет во скопско Ченто. На тикет само со 80 вложени денари, обложувачот стана нов милионер!
Само пет меча има на милионскиот тикет и сите се одиграни уште во петокот, погодените квоти се движат од 3.60 до 13. Арсенал уште во првото полувреме водеше со 2:0, а на крајот славеше со 3:1 против Астон вила за 1-1&4+. На ист начин се одиграни и мечевите Мајнц – Аугсбург 4:1 (3:0 полувреме) и Шамбли – Кретил 4:0 (2:0).
Дуелот од шпанската втора лига меѓу Еибар и Картагена заврши 2:1 (2:0 полувреме), таман за да биде 1-1&3+. Шарлроа победи на гости кај Сераинг со 3:1, а гостите на полувреме водеа со 2:0. Овие пет меча носат вкупен неверојатен КОЕФИЦИЕНТ ОД 14.195, па доволно било да се вложат само 80 денари за да се освојат ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ.
КОМБИНИРАШЕ МЕЧЕВИ ОД ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ СО ВИКЕНД-ДУЕЛИ И ИСКОМБИНИРА НАД 888.000 ДЕНАРИ
Во Штип уште минатиот вторник е уплатен тикет со 17 мечеви комбиниран од дуели во европските купови со викенд лигашки средби, а на крајот само со 100 вложени денари, добивката е 888.463 денари. На тикетот има и два кошаркарски меча од Евролигата кои исто така се погодени.
Во ЛШ најголемата драма му било да ја погоди победата на Манчестер јунајтед против Аталанта од 3:2 затоа што англискиот гигант губеше со 0:2 на полувреме. Од викенд лигашката понуда погодил дека Реал ќе ја победи Барселона на „Камп ноу“ (2:1), како и тоа дека Вест хем ќе го добие лондонското дерби со Тотенхем (1:0). Фаворитите Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Милан лесно ги освоија трите бода во своите викенд-предизвици.
НАЈЕДНОСТАВНО: НАРЕДИЛ 20 ФАВОРИТИ И СО 50 ДЕНАРИ СИ ОСВОИ 5.000 ЕВРА
Во Крива Паланка му се насмевна среќата на обложувач кој наредил 20 мечеви на фиксови и сите ги погодил, па со 50 вложени денари си заработи 5.000 евра. Тактиката е едноставна, одбрани се фаворитите коишто играа во саботата, па затоа најголемиот погоден коефициент е тој на победа на Милан на гости кај Болоња (2.20 квота).
Спортинг, Трабзонспор, Зрински, Катовице, Балтика и Болуспор дадоа по еден гол, но тоа им беше доволно да победат. Најголема драма беше триумфот на Балтика против Велес Москва во втората руска лига затоа што домаќините до триумф стигнаа со погодок во 93-тата минута. И Болуспор имаше многу среќа и победи со погодок во 89-тата минута.
КОМБИНИРАН ТИП НА ШЕСТ МЕЧА ВРЕДЕН 265.000 ДЕНАРИ
Да се погоди победникот на мечот и во двете полувремиња да има барем по еден гол е комбинацијата која на играч од Струга му донесе 265.653 денари со влог од 300 денари. Фулам лесно со 4:0 го победи Нотингам форест со 4:0, а на полувреме беше 1:0 за гостите.
Севилја со 5:3 го победи Леванте, а во двете полувремиња имаше по четири погодоци. Реал со 2:1 славеше во Ел Класико против Барселона, а на полувреме гостите водеа со 1:0 благодарение на голот на Давид Алаба. Лас Палмас немаше проблеми против Алкоркон и победи со 3:0 (1:0), додека Сент Паули беше уште поубедлив против Ханса и победи со 4:0 (2:0). Со 4:0 победи и Брауншвајг на гости кај Хавелсе, а гостите на полувреме имаа предност од 1:0.