Со само шест одиграни мечеви и сите со иста комбинација, наш редовен читател ни испрати тикет на кој со вложени 200 денари успеа да заработи преку 4.000 евра, односно точно 249.795 денари.
Сите одиграни мечеви се со комбинација двата тима да постигнат барем по еден гол во првото полувреме, а квотите за тие шест дуели се одлични и се движат од 3.00 до 3.80. Вкупниот погоден коефициент е огромен и изнесува 1.469.
За да се погоди ваков тикет мора да се има и среќа, а овој обложувач ја имал и тоа во големи количини на две средби. Залаегершек и Пакс одиграа 1:1, а двата гола беа постигнати во првото полувреме. Погодокот на гостите падна во 45+4. Слично беше сценариото и на англиската пресметка меѓу Њукасл и Брајтон. Мечот заврши 1:1, а Њукасл израмни со погодок во 45+5.
Со резултат 1:1 заврши и пресметката меѓу Викторија Келн против Регенсбург 1:1, но тука двата погодоци беа постигнати во првиот половина час. Херта и Кајзерслаутерн на полувреме играа 1:1, а на крајот домаќините славеа со 3:1. На дуелот Нотингем и Челзи по неполни 20 минути резултатот беше 1:1, на крајот гостите славеа со 3:2. Голеада имаше на мечот меѓу Вилјареал и Севилја. Гостите на полувреме имаа предност од 2:1, а на крајот Вилјареал победи со 3:2.