36.7 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Со што ја удри топката? Имало секакви голови, ваков не сте виделе досега (Видео)

Голот што го постигна Бразилецот Фернандо Собрал за Сеара во победата од 4:1 против Хувентуде е невиден досега во светот на фудбалот.

Играчот што го носи презимето Собрал, според градот во којшто е роден, налета на одбиена топка и мајсторски со надворешниот дел од копачката ја смести во гостинската мрежа.

Голот на Собрал можете да го погледнете ОВДЕ.

Положбата на телото е чудна и голот е исклучитечно тежок за постигнување во таква позиција.

https://twitter.com/DiarioGols/status/1591894071639183360?s=20&t=rtrKHENGxWJ3DURcyglvNw

Собрал го постигна велемајсторскиот погодок во 70-тата минута за 3:1. Двоен стрелец за Сеара беше Кабрал, а погодок даде и Ерик.

Почесниот гол за Хувентуде го постигна Пареде.

 

- Оглас -

Најнови вести