Со шут ја скрши пречката, а потоа неговиот соиграч немаше каде да постигне гол (Видео)

За фудбалер кој има силен шут често знае да се каже дека има „шут со кој може да ја скрши стативата“. Е токму таков момент се случи на дуел од американското УСПЛ првенство на дуелот меѓу Бостон стрит и ГЗС Бриџпорт.

Се играше 59 минута кога беше ддосуден слободен удар за гостите. Од околу 25 метри фудбалерот на Бриџпорт шутираше силно, топката удри во пречката, а голманот кој беше немоќен да одбрани, потоа мораше да внимава да не биде повреден, бидејќи пречката буквално се скрши и рамките од голот се распаднаа.

Интересно е дека на одбиената топка натрча друг гостински голман, кој беше осамен и ќе постигнеше гол, но едноставно голот се распадна и немаше како да погоди.

- Оглас -

Најнови вести