Во Гевгелија има одлична добивка на вчерашните натпревари, и тоа на тикет со 16 натпревари, комбиниран со 8 фиксови и 4 од 8, а погодени се сите парови за екстра добивка од 138.065 денари бруто, или со одбиен данок околу 2.000 евра.
Вкупно има 70 комбинации и сите се вклопени и погодени мајсторски, што му донесе одличен ќар на обложувачот што уплатил 700 денари на добитниот тикет во Гевгелија.
ШТЕТА ШТО НЕ Е ОДИГРАН ТИКЕТ БЕЗ УСЛОВ, 16-ТЕ ПОГОДЕНИ НАТПРЕВАРИ СЕ СО ВКУПЕН КОЕФИЦИЕНТ 2.500
Штета што тикетот не е одигран без услов бидејќи има вкупен коефициент од 2.500, што би донело одлична добивка и со мал влог.
Само со 100 денари уплата на погодените 16 натпревари ако било одиграно без услов, добивката би била 250.000 денари, но и вака ќарот е одличен.
Сепак, што е сигурно, сигурно е, веројатно тоа е мотото на обложувачот што го одиграл тикетот во објектот Гевгелија 4 на Sport Life, а за комплетно погоден тикет имал и малку среќа, со победи на неколку екипи што се типувани на тикетот со голови во второто полувреме.
СЛАТКА Е ДОБИВКА САМО СО ДВА ПАРА И КВОТИ НАД 20
Топ тикет има и во објектот Кисела Вода 4 на Sport Life и само со два погодени натпревари и уплата од 80 денари, добивката изнесува 41.500 денари.
Добитникот имал одличен инстинкт да одигра два меча со коефициенти над 20. Мајсторски се погодени дуелите меѓу Вилјареал и Гранада со тип ГГ1 и ГГ2, односно дека двете екипи ќе постигнат барем по еден гол истовремено во двете полувремиња и 2-2&4+ на францускиот меч од купот меѓу Генгам и Каен што заврши со победа на гостите од 1:3, а на полувреме беше 0:1.
На шпанскиот меч коефициентот е 20.75, а на француската пресметка е уште поголем и изнесува точно 25 во Sport Life.
На тој меч и фортуната беше на страната на среќниот добитник со уплатен тикет во Кисела Вода. Потребниот четврти гол на мечот за добивка беше постигнат во 93-тата минута, а го даде играч на Каен за конечни 1:3 и за голема радост и убав ќар од 41.500 денари во Кисела Вода.