Камбекот на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид беше примен со еуфорија од фановите на „кралскиот клуб“, затоа што со Зизу, Реал трипати по ред беше европски првак, но се покажа дека во шпанската лигта, ниту Французинот не беше од помош.
Со Зидан на клупата, Реал беше многу поуспешен во ЛШ отколку во Ла Лига. Поразите и лошите игри во последните мечеви, потврдуваат дека проблемот не е кај тренерите.
Шпанците пресметаа (врз основа на неговиот скор од 17 бода на 10 меча) дека ако Зидан бил цела сезона во Реал, тимот за 38 кола би собрал 64 бода (сега има 68, со можност да дојде до 69 или 71), и би бил на истата позиција каде што е сега.
Ако останеше Хулен Лопетеги со кој Реал освои само 14 бода во десет рунди, проекцијата е дека Реал сезоната ќе ја завршеше со само 53 бода, и тоа немаше да биде доволно за пласман во Лигата на шампионите.
Но, со Сантијаго Солари на клупата, Реал собра 37 бода во 17 меча, што претворено во 38 средби би биле 83 бода. Со ваков скор, мадридскиот клуб ќе беше во трка со Барса до претпоследното коло.