Со специјалните типови на Sport Life, до „сочна“ добивка

Наш редовен обложувач од Скопје денес е побогат за 47.888 денари откако составил тикет со комбинација на која може да се обложува само во Sport Life обложувалниците. На петте натпревари кои ги типувал се надевал дека ќе има барем два гола на полувреме, односно четири или повеќе гола по 90 минути игра, а сите завршиле беспрекорно во корист на нашиот обложувач, кој се обложил само со 40 денари.

Неизвесноста и нервозата се покажаа само за време на дуелот меѓу Мидлсбро и Кру Александра во рамките од кфалицикациите во Лига купот на Англија, кој заврши со 2-2 во регуларниот дел. Гостите прво во во 42-рата и 46-тата минута од првиот дел ја тресеа мрежата на Мидлсбро за да го остават нашиот обложувач во игра. Домаќините го израмија резултатот, но дури во судиското надополнување благодарение на Бола, кој стрелаше за 2-2.

Останатите четири средби излегоа токму како што планирал обложувачот, а некои ги „фатил“ уште во првото полувреме.

ДОЖД ОД ГОЛОВИ ЗНАЧИ И ДОЖД ОД ДЕНАРИ

Прилепчани, како големи оптимисти, често знаат да се пофалат со добитен тикет очекувајќи ефикасност на екипите на кои се обложуваат. Така е и во овој случај, наш редовен обложувач од Прилеп си заработи 54.012 денари погодувајќи четири меча со типот 4+, а притоа вложил 800 денари.

Во вчерашните реванш-натпревари од третото квалификациско коло за ЛШ се случи дожд од голови на голем број дуели. Од вкупно 10 средби, дури седум завршија со четири или повеќе гола, а овој обложувач издвоил четири од нив кои му донесоа среќа.

Розенборг славеше со 3-1 против Марибор, Базел претрпе елиминација по поразот кај Линц, Ајакс и ПАОК повторно беа ефикасни, а Копјаниците се радуваа со 3-2, додека голедата од 3-4 меѓу Селтик и Клуж им припадна на Романците.

- Оглас -

Најнови вести