Акциската игра на Sport Life наречена „Играч за повеќе“ имаше успешен финиш. Шест етапи со шест победници во периодот кога фудбалските мечеви од Европското првенство беа во фокусот на вниманието.
За секој од етапните победници следуваше главната премија, а тоа беше 100.000 денари. Николче Јовановски од Битола беше најдобар во петтата етапа и заслужено си доби диполнителни 100.000 денари.
Николче на тикетот кој му донесе дополнителни 100.000 денари имаше само седум меча, на кои добитните квоти се движеа од 2.14 до 4:15, и тоа на мечеви од далечниот Исток, односно од Јапонија. Погодениот вкупен коефициент беше 2.077,85.
Едноставно, Sport Life и во овие летни жешки денови потврди дека секогаш има ексклузивни понуди за своите верни играчи.