Со Спортска прогноза е забавно, а наградите се топ

Двата градски дерби дуели во Милано и во Ливерпул и мечот меѓу Арсенал и Манчестер сити се вистински предизвик за добрите прогнозери да се одигра 24. коло на Спортска прогноза што го организираат Sport Life и Спорт Манија.

Милан и Интер ќе имаат директна пресметка за првото место во Серија А, во долгиот серијал познат како Дерби Дела Мадонина. Скудетото по 9 години апсолутна доминација е на дофат на екипите од Милано, а победникот од утрешниот меч шро ќе се игра од 17.30 часот ќе биде многу поблиску до целта.

За вашите прогнози во 24. коло на Спортска прогноза сепак последнито термин е малку порано, односно денеска до 15.30 часот со почетокот на двата дуели од Бундеслигата меѓу Фрајбург и Унион Берлин и Келн со Штутгарт.

Има уште многу интересни дуели, ќе го чекаме со нетрпение новото градско дерби меѓу Ливерпул и Евертон, а во Англија има уште едно големо дерби меѓу Арсенал и Манчестер сити.

Вест хем и Тотенхем ќе играат меѓусебе во лондонското дерби, Аталанта го чека Наполи во Бергамо во уште еден неизвесен дуел што е на менито на популарната „Тринаесетка“ во коло што е исклучително интересно со богат награден фонд.

За погодени 13 парови Sport Life ве наградува со „ајфон 11“, а и утките можат да ви донесат ваучери за уплата на тикети во сите уплатни места на обложувалницата.

Не чекајте, одиграјте го 24. коло на Спортска прогноза и учествувајте во трката за премијата „ајфон 11“.

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести