Две големи добивки со мали влогови има на уплатните места на Sport Life во Бутел и во Охрид, а мечевите од Лигата на нациите се покажаа како одлична можност за убав ќар.
ПРЕСВРТ ВО ИСТАНБУЛ, РАДОСТ ВО БУТЕЛ СО ДОБИВКА ОД 418.919 ДЕНАРИ
Мајстор за обложување со уплата од 100 денари во Бутел и одигран тикет со три пара од Лигата на нациите и еден од втората холандска лига има огромна добивка од 418.919 денари бруто, или нето си ќари околу 6 илјади евра.
Сите четири натпревари се типувани со иста игра, 1-1&4+, а погодени се мечевите меѓу Холандија и БиХ, Турција против Русија, Албанија со Казахстан и дуелот од втората холандска лига меѓу Камбур и Алмере.
Неизвесност речиси и да немаше, а коефициентите се одлични и добивката уште подобра. Холандија лесно ја победи Босна и Херцеговина со 3:1, а Вајналдум со два гола во првото полувреме се погрижи за првиот услов, единица на полувреме.
Во исто време, од 18 часот играа Турција и Русија и тука беше најтешко за обложувачот со добитен тикет. Сепак, Турците со два гола од 26-тата до 32-рата минута се погрижија за пресврт во првото полувреме, Русија имаше и фудбалер помалку, па победата на домаќините ја преполови неизвесноста дали тикетот ќе биде добитен.
Камбур го декласира Алмере со 7:2, на полувреме беше 4:1, па остана само да се чека победа на Албанија против Казахстан.
Во Тирана домаќините брзо поведоа со 2:0, на полувреме беше 2:1, а потребниот гол за добивка од 418.919 денари со уплата од 100 денари донесе Манај со гол од пенал во 63-тата минута.
МОЖЕ И ВАКА, НАНИЖА 16 НАТПРЕВАРИ ЗА 50 ДЕНАРИ, ЌАРОТ Е НАД 100.000 ДЕНАРИ
Во Охрид обложувач со одличен тикет имаше поинаква тактика, со повеќе натпревари дојде до ќар од 124.515 денари бруто со уплата само од 50 денари.
Нанижани на бисер-тикет се 16 меча, сите од Лигата на нации, а тука имаше и драма и голема неизвесност. Јосип Иличиќ погоди од пенал во 94-тата минута и Словенија го победи Косово со 2:1, а слично беше и на „Паркен“ во Копенхаген, каде што ладнокрвен беше Кристијан Ериксен и погоди од белата точка во 92-рата минута за победа на Данците против Исланд со 2:1.
На уште неколку одиграни дуели од вкупно 16 требаше доста среќа, а клучните голови „паѓаа“ во второто полувреме, но вистински подвиг е да се погодат толкав број натпревари, па во Охрид заслужено се слави нето добивка во Sport Life, вредна точно 105.837 денари, или малку над 1.700 евра.