Со стотка за крај – Штрковите доминираа во Сараево, лесно го прелетаа и Ловќен (Видео)

МЗТ Скопје имаше пријатна и многу успешна сараевска авантура во АБА 2 лигата, што ја заврши и со трета победа вечерва против Ловќен со 100:81.

Аеродромци го завршија циклусот од три меча во главниот град на БиХ со три победи, што им го обезбеди второто место со биланс од 6-1 во Регионалното натпреварување.

Во последниот меч за 2021 година во АБА 2 лигата, скопјани веднаш најавија дека одат на хет-трик во Сараево.

Дастин Вер повторно беше командант на разиграното јато на Штрковите од Аеродром и со 19 поени ги предводеше до шестата победа во седмиот меч во Регионалното натпреварување.

МЗТ водеше со 10 поени разлика по првата четвртина, а на полувреме имаше 11 и веќе беше јасно дека Ловќен нема шанси за подвиг.

Со атрактивна игра во продолжението по три периоди од по 10 минути, МЗТ водеше со 85:58, а заврши со стотка за крај на убавата 2021 година во АБА 2 лигата.

Мекиќ уфрли 15 поени, Крстевски додаде 11, а аеродромци од втората позиција го чекаат продолжението на АБА 2 лигата.

- Оглас -

Најнови вести