19.8 C
Skopje
недела, 28 септември 2025

Со Суперкупот вечерва почнува новата сезона во македонската кошарка

Новата натпреварувачка сезона во македонската клупска кошарка вечерва ќе го има официјалниот почеток, со Суперкупот на Македонија кој го носи името „Драган Василов-Цевка“.

Кошаркарскиот хепенинг во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе стартува од 17 часот, кога на теренот ќе истрчаат актуечниот шампион во женска конкуренција, екипата на Баскет Кам од Македонска каменица, и Вардар, кој пак е победник во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Од 19.30 часот, е мечот во машка конкуренција во кој силите ќе ги одмерат првакот МЗТ Скопје Аеродром, и екипата на Кожув, кој минатата сезона беше финалист во Купот. Гевгеличани првпат ќе играат Суперкуп меч и за нив ова ќе биде историски натпревар.

Инаку во 2011 година е последен пат кога Суперкупот за мажи го освои некој друг, да не е МЗТ, а имаше и паузи во 2012-2014 и 2017-2020 кога не се играше Суперкуп.

Двата натпревари ќе бидат директно пренесувани на програмата на МРТ, а влезот за овој кошаркарски настан во СРЦ „Кале“ е слободен.

 

- Оглас -

Најнови вести