2502 Лилестром – КФУМ Осло (21.15)
Лилестром многу лошо го почна шампионатот на Норвешка, но имаше неколку повредени фудбалери кои сега полека се вратија во составот. Се очекува домаќинот да почне со многу подобри игри и резултати, а најава за тоа беше триумфот во минатото коло против Тромсо.
Осло има три ремија во низа, а на гостувањата не се снаоѓа најдобро.
Предлог тип: 1 (1.80)
2836 КР Рејкјавик – Филкир (21.15)
Филкир е очаен гостин во првенството на Исланд и од пет натпревари има пет порази. Ништо поинаку не се очекува и на дуелот против КР Рејкјавик. На овој натпревар се очекуваат и најмалку три гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.89)
2534 Норби – Љунгскиле (19.00)
Норби е сигурен домаќин оваа сезона и на последните два меча пред своите гледачи оствари победи. Се очекува да продолжи во ист стил и на денешниот дуел, а победата да биде поддржана и со најмалку три гола на овој меч.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.98)
3557 Пахтакор – Бунјодкор (17.00)
Бунјодкор некогаш беше најдобриот тим во првенството на Узбекистан, но оваа сезона е убедливо најслабиот гостин. Пахтакор е култен клуб во оваа земја, па иако можеби и не игра како во славните денови, сепак, е сериозен фаворит на денешниот меч.
Очекувањата се дека Пахтакор ќе води и на полувреме, а ќе победи и на крајот на натпреварот.
Предлог тип: 1-1 (2.21)
3561 Гробинас – Даугавпилс (17.00)
Традицијата меѓу овие два тима е апсолутно на страната на гостите. На последните пет мечеви Даугавпилс има пет победи против Гробинас.
Оваа сезона исто така Даугавпилс е многу поквалитетен тим, па се очекува да стигне до триумф, а „двојката“ навистина има и добар коефициент.
Предлог тип: 2 (2.09)