Манчестер јунајтед и Ливерпул важат за најголеми и најтрофејни фудбалски клубови во Англија, но ако се сметаат освоените пехари само во 21 век, тогаш клуб број 1 е Челзи.
Со победата на Светското клупско првенство во САД, Челзи сега е најуспешниот англиски клуб во 21 век со 21 освоен трофеј во изминатите две и пол децении.
Зад нив е Манчестер сити со 20 трофеи, Манчестер јунајтед има 18, Ливерпул 17, а Арсенал 9.